Ештон ги чека на средба на 6 февруари Јахјага и Николиќ

Од:

Косовската претседателка Атифете Јахјага и нејзиниот српски колега, Томислав Николиќ, на почетокот на февруари ќе ги почнат разговорите за тоа што ќе значи финален резултат меѓу Косово и Србија, на кој треба да се најдат потписите на шефовите на двете држави, јави приштинска „Коха диторе“.

Доверливи извори за весникот изјавиле дека кабинетот на високиот претставнк на Европската унија за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон го предложила шестти февруари за датум на кој ќе се одржи средбата на двајцата државници и оти само чека официјална потврда од двете страни.

Во Брисел Јахјага и Николиќ, според дипломатски извори се очекува да искажат политичка поддршка за дијалогот меѓу премиерите, како и определбата за нормализирање на односите, јави дописникот на МИА.

Со договорот, за кој дипломатите се надеваат дека ќе се постигне оваа пролет, треба да бидат опфатени сите досега постигнати договори, а ќе биде искажана и определбата за мир, пишува „Коха диторе“.

Би можело да ве интересира

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор