Ерјавец: Без затворање на тужбата за Љубљанска банка нема ратификација на пристапниот договор на Хрватска во ЕУ

Од:

Словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец порача дека Словенија нема да го ратификува пристапниот договор на Хрватска со ЕУ доколку тужбата против Љубљанска банка не биде затворена пред хрватските судови.

Ерјавец не верува дека две третини од пратениците во словенечкиот парламент, колку што се потребни за ратификација на овој договор, се спремни да се согласат на билатерално решение со кое Словенија ја презема обврската на плаќање на повеќе од 200 милиони евра како дел од старата девизна заштеда на хрватските граѓани во некогашната Љубљанска банка Загреб.

По медиумските навестувања, според кои словенечкиот преговарач Франце Архар и неговот хрватски колега Здарвко Рогиќ пронашле решение според кое Словенија старото штедење во Љубљанска банка, како обврска пренесена на хрватските банки, ќе го отплаќа 20 или 30 години без камата, Ерјавец наведува дека за Словенија тоа е неприфатливо.

Во емисијата „Глобус“ на Словенечката телевизија, тој откри дека по објавувањето на овој „спин“ добил многу повици од граѓани кои сметаат дека согласноста на Словенија да ги преземе овие обврски би била грешка, бидејќи Словенија „ не може да го плати тоа што не го должи“.

Запрашан дали доаѓа до заострување на односите со Хрватска и дали може да се повтори „блокадата“ при нејизниот влез во ЕУ, слична на онаа во пристапниот процес во времето на поранешната влада на Борут Пахор заради граничниот спор, Ерјавец прецизира дека Словенија не ја блокира Хрватска и доколку се зборува за некаква блокада тогаш „Хрватска самата се блокира бидејќи не ја повлече тужбата против Љубљанска бнака“.

Би можело да ве интересира

Хрватска не оди во добра насока, сметаат 73 отсто од анкетираните граѓани

А1он

(ВИДЕО) Снегот го блокира Балканот: 10 часа семејства со деца биле заглавени во Босна

Катерина Ѓуровски

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Наставничката со телото ги штитела учениците од напаѓачот додека ја бодел со ножот

Предраг Петровиќ

Детали за нападот во училиштето во Загреб – наставничката има 31 убодна рана

А1он

Се урнал покривот на сала во изградба во Шибеник, најмалку едно лице е повредено