Ерхард Бусек: Западен Балкан треба што поскоро да стане дел од ЕУ

Од:

Европската унија треба што е можно поскоро да ги прими во членство земјите од Западен Балкан, смета поранешниот австриски вицеканцелар Ерхард Бусек.

Според него, членството на западнобалкансите држави во ЕУ нема алтернатива.

– Приемот треба да се спроведе со цел Европа да стане компактна во светски рамки во услови на глобализацијата. Не можеме да си дозволиме да се откажеме од делови на Европа, изјави Бусек, кој е и поранешен специјален координатор на Пактот за стабилност на Југоситочна Европа.

Во изјава за Танјуг, Бусек вели дека само прашење на време е за колку брзо и под кои услови ќе уследи приемот на земјите од Западен Балкан во ЕУ.

– Членките на ЕУ треба што поскоро да решат да го примат Балкнот во свое челнство, нагласи Бусек,

Според него, некои земји кои сега се членки на Унијата во времето на прием не ги исполнувале условите што сега се бараат од државите од Западен Балкан, па затоа нема смисол да се одолговлекува процесот на проширување на ЕУ.

Претходно денеска, претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека ЕУ треба да прими нови членки од Западен Балкан, со цел да се избегне ризик за нова војна во регионот.

– Ако не се отвориме за државите од регионот, кој е многу сложен и трагичен, и ако не им дадеме европска перспектива, ризикуваме нова војна како што видовме во 90-тите години, изјави Јункер.

– Не сакам да видам на Балканот да се врати војна и потребно е да се отвориме за нив, истакна шефот на Европската комисија.

Меѓутоа, францускиот претседател Емануел Макрон во денешното обраќање пред Европскиот парламент за идните перспективи на ЕУ, оцени дека Европската унија не треба да прима нови членки, додека не се продлабочи европската интеграција и не бидат спроведени реформи во самиот блок.

Макрон нагласи дека „сака да бидат примени државите од Западен Балкан во европскиот проект, но дека времето за нивното членство се уште не е дојдено“.

– Ќе поддржам проширување само кога прво ќе има продлабочување на интеграцијата и реформи во нашата Европа, потенцира Макрон.

Тој додаде дека не сака Балканот да се сврти кон Русија или Турција, „но не сака ниту Европа која во услови на тешко функционирање со 28, а утре со 27 членки, да биде со 30 или 32 држави со истите правила“.

Лидерите од ЕУ и Западен Балкан ќе имаат самит на 17 мај во Софија за да се разгледа иднината на регионот.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ