Ердоган: Зад двојниот атентат во Анкара стои обединета терористичка група

Од:

Зад двојниот самоубиствен атентат во Анкара, што го однесе животот на 102 лица, стои обединета терористичка група, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, цитиран од ТАСС.

Според претседателот, борци на Исламска држава, бунтовници од Курдската работничка партија (ПКК) и сириската тајна полиција Мухабарат одиграле своја улога во двојниот атентат.

Агенцијата Анадолија во понеделникот информира дека турските власти го идентификувале едниот од двајцата атентатори самоубијци како Јунус Емре Алагоз. За него постојат сомненија дека бил член на ќелија на Исламска држава во градот Адајман, во југоисточна Турција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски