Ердоган: Верувам дека Израел ќе биде осуден за геноцид

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека неговата земја обезбедува докази за случајот што Јужна Африка го покрена против Израел пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) за геноцидот, наводно, извршен во Појасот Газа.

„Верувам дека Израел ќе биде осуден. Ние веруваме во правдата на Меѓународниот суд на правдата“, рече Ердоган, додавајќи дека Турција ќе продолжи да дава документи, главно визуелни, за влијанието на војната врз Газа, пренесува Ројтерс.

Израел денеска дава одговор на обвинувањата што Јужна Африка ги упати вчера пред МСП во Хаг дека израелската офанзива претставува геноцид.

На отворањето на сослушувањето на МСП, Јужна Африка изјави дека Израел го подложува палестинскиот народ на апартхејд и геноцид.

„Постапките на Израел покажуваат модел на систематско однесување од кое може да се заклучи дека се работи за геноцид“, рече адвокатката на Високиот суд на Јужна Африка, Адила Хасим.

Израел го нарече целиот случај „апсурден“ и ја обвини Јужна Африка дека ја игра улогата на „ѓаволски застапник“ на Хамас.

Портпаролот на израелската влада Ајлон Леви пред сослушувањето изјави дека Израел „останува посветен на меѓународното право“ и нагласи дека сите воени дејства се насочени против Хамас.

МСП се очекува да донесе одлука за можни итни мерки подоцна овој месец, додека одлуката за обвиненијата за геноцид ќе биде донесена за неколку години.

Одлуките на МСП се конечни и без право на жалба, но судот нема начин да ги спроведе.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Кревко примирје во кое многу работи можат да тргнат наопаку“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Утре наутро почнува примирјето во Газа, израелската влада го ратификуваше договорот

Катерина Ѓуровски

Израел го потврди историскиот мир во Газа

Бајден: Израел мора да ги земе предвид легитимните барања на Палестинците

Кабинетот на Нетанјаху потврди дека Израел и Хамас потпишале договор за прекин на огнот

Израел: Хамас се предомислил за прекин на огнот во последен момент

Горан Наумовски