Ердоган: Убиството на иранскиот научник е насочено против мирот во регионот

Од:

Убиството на иранскиот научник за нуклеарна физика Мохсен Фахризаде е насочено против мирот во регионот, но оние кои имаат таква цел нема да успеат, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во телефонски разговор со иранскиот колега Хасан Рохани.

Ердоган изразил длабока тага поради убиството на Фахризаде и сочувство до иранскиот народ и семејството на научникот.

За време на разговорот двајцата претседатели се осврнале и на ситуацијата во Нагорно-Карабах, регионални прашања и начини за развој на меѓусебните односи.

Би можело да ве интересира

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Хамнеи: Преговорите со Американците може и не мора да успеат