Ердоган: Турција се подготвува за нови антитерористички операции во Сирија

Од:

Турција се подготвува за нови антитерористички операции во Сирија, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на митинг во турскиот град Трабзон, пренесе ТАСС.

Пораката на Ердоган е упатена откако минатата недела беше кажано дека успешно заврши воената операција „Еуфратски штит“, што требаше да го исчисти регионот на сириско-турската граница од присуство на џихадистите од Исламска држава и да ги протера курдските борци оттаму.

– Со исчистување на градот Ал Баб од терористите заврши првата етапа од операцијата „Еуфратски штит“. Но, операцијата продолжува, бидејќи ние нема да запреме. Се подготвуваме да заземеме и други висорамнини во регионот каде има терористи, соопшти Ердоган.

Тој додаде дека новата операција ќе добие поинакво име.

Турскиот претседател предупреди дека Турција ќе ги изненади „сите терористички организации: Курдската работничка партија, Силите за заштита на народот, Партијата за демократска унија, терористичката организаци на Фетулах Ѓулен, кои ја чекаат пролетта“.

– Пролетта на турскиот народ ќе се претвори во црна зима за терористите, предупреди Ердоган.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

„Њујорк Тајмс“: Постојат сомневања дека има повеќе од 100 локации со хемиско оружје во Сирија