Ердоган: Турција работи на воспоставување мир во војната на САД и Израел против Иран

Од:

Претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција ќе продолжи да работи со сите свои ресурси за да воспостави мир во војната на САД и Израел против Иран, за која рече дека ги погодила турската економија и целиот свет.

Ердоган, како што пренесе „Ал џезира“ исто така, рече дека владата разгледува различни мерки за заштита на економијата од војната, која го зафати регионот и предизвика нагло зголемување на цените на енергијата.

Во исто време, агенцијата Анадолија јави дека Ердоган рекол оти Турција низ тековниот блискоисточен конфликт управува внимателно и разумно, со зачувување на братството и соседските односи.

– Не паѓаме во стапиците што ни се поставени – рече Ердоган во говор по седницата на кабинетот во Анкара, нагласувајќи дека Турција е „решена да се држи настрана од огнениот прстен“.

– Изминатите 25 дена покажаа дека, иако ова е израелска војна, целиот свет ја плаќа цената; ова е војна за опстанок на Нетанјаху, но трошоците ги сносат осум милијарди луѓе – рече тој.

– Бескомпромисниот, максималистички и радикален став на Израел не смее да ги поткопа дипломатските решенија – нагласи турскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Израел нè турка во катастрофа, светот мора да го разбере ова варварство и лудило

Ердоган за конфликтот во Иран: Овој оган мора да се изгасне пред да се рашири!

А1он

Муцунски во Истанбул на средба со Ердоган

А1он

Трамп го покани Ердоган во „Комитетот за мир“

А1он

Новинар во Турција ќе лежи 4 години затвор поради наводна закана кон Ердоган

А1он

Загинаа сите 20 членови на екипажот на срушениот воен авион – Ердоган изрази сочувство

А1он