Ердоган: Турција нема да води билатерални преговори со Грција

Од:

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска најави дека Анкара повеќе нема да води билатерални разговори со Атина.

– Го раскинавме договорот за одржување на состанок на високо ниво со Стратешкиот совет со Грција. Зарем не учите од историјата? Не обидувајте се да танцувате со Турција, инаку ќе се изморите и ќе останете на пат. Повеќе нема да водиме билатерални разговори со нив, истакна Ердоган.

Ердоган се осврна и на лобито на кипарските Грци во американскиот Конгрес, што се спротивставуваат на Турција.

– Уморни сме од нив. За жал, не сме на истиот пат со оваа Грција, посочи Ердоган.

Постојаната претставничка на Грција во ОН Марија Теофили на 25 мај достави писмо до генералниот секретар на ОН како одговор на писмото испратено од постојаниот претставник на Турција во ОН на 30 септември 2021 година. Според дипломатски извори, писмото целосно ги отфрла сите тврдења како правно, историски и фактички неосновани. Конкретно, се отфрла целиот сет на турски аргументи за „поврзаноста“ на грчкиот суверенитет над островите во Егејското Море со наводните постоечки обврски за демилитаризација на тие острови.

На 31 мај турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ја обвини Грција за кршење на статусот на демилитаризација на островите во Егејското Море. Според него, „Грција го нарушила статусот на островите, тие мора да се демилитаризираат, во спротивно на дневен ред ќе биде прашањето за сопственоста на островите“.

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас во јануари изјави дека „Турција распореди најголема десантна сила и најголема десантна флота во Медитеранот против грчките острови“. Тој потоа нагласи дека Грција предлага Турција да го почитува меѓународното право и да се откаже од заканата од војна.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски