Ердоган: Турција ќе побара од САД да го екстрадираат Фетулах Ѓулен

Од:

Анкара ќе побара од американските власти да и го предадат муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој десет години живее во државата Пенсилванија.

Тоа го изјави турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во интервју за американска телевизија, што е прво негово интервју по локалните избори од 30 март.

– Според мене, движењето на Фетулах Ѓулен е организација, која ја загрозува нашата внатрешна безбедност. Сметам дека во случајот САД, како стратешки партнер треба да постапат така што ќе преземат дејствија за отстранување на заканата по нашата национална безбедност. Поради тоа, сметам дека Фетулах Ѓулен треба да биде екстрадиран од американските власти и да биде предаден на Турција, рече Ердоган.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени