Ердоган: Турција ќе биде претседателска република

Од:

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган не се откажува од идејата Турција да се изгради како претседателска република и неа повторно ја лансира пред новинарите, враќајќи се од посетата на Брунеј, соопшти турската приватна телевизија Си Ен Ен-Турк.

“Не кажувам системот да биде како оној во САД. Да се погрижиме тоа да биде турски претседателски систем” изјави премиерот Реџеп Таип Ердоган.

Премиерот предлага да се земат предвид оние земји со различни системи на претседателско управување, кои би биле од корист за Турција, а да бидат пропуштени оние кои не можеме да ги прифатиме заради културни или општествени разлики.

“Денеска сме во хармонија со нашиот претседател, но утре од каде да знаеме дека повторно нема да имаме резерви. Предноста на претседателскиот систем на управување е укинување на заканата од коалиции” објасни уште Ердоган.

Тој, меѓутоа, се пожали дека опозицијата не сака дури ниту да се разгледува ова прашање.

Владеачката Партија на правдата и развојот на премиерот Ердоган претходно неделава на парламентарната комисија за изготвување на новиот Устав и предаде предлог за создавање претседателски систем на управување во Турција.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Единаесет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во Турција

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија

ВИДЕО: Снимка од ударот на хеликоптерот во болница во Турција

ВИДЕО: Хеликоптер удри во болница во Турција, четворица мртви

Претседателот на Големото национално собрание на Турција во тридневна посета на земјава

А1он