Ердоган со декрет наложи претворање на музејот Карије во џамија

Од:

Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган издаде денеска декрет, со кој во петокот, претворајќи го историскиот музеј Карије во Истанбул, поранешна православна црква, во џамија, јави ДПА.

Овој потег следува по минатомесечната одлука, со која музејот Свети Софија ја направи џамија, што наиде на критики од меѓународната јавност.

Промената на статусот на Карије беше донесена во декември 2019 година, но одлуката на Државниот совет на Турција не беше спроведена досега..

Музејот Карије, поранешна православна црква која во текот на својата историја била претворена во џамија, па музеј, се смета за едно од највосхитувачките примери на византиската уметност и архитектура, со сочувани мозаици и фрески. Христијанскиот храм бил изграден во текот на петиот век, бил претворен во џамија во 1453 година, а од 1948 година е претворена во музеј.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Ердоган: Сириските Курди или ќе го положат оружјето или ќе бидат погребани со нив