Ердоган: Продолжува процесот за мирно надминување на курдскиот конфликт

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека продолжува процесот за мирно надминување на курдскиот конфликт во Турција и дека овој процес ќе остане главен приоритет за земјата, пренесува ДПА.

Ќе ја продолжиме нашата работа врз овој процес со трпеливост и решителност за да ги доближиме граѓаните до овој мировен проект, рече Ердоган во своето новогодишно обраќање до турскиот народ.

Работата врз мировниот процес беше прекината во последните месеци, откако Курдите во Турција протестираа против одбивањето на Анкара да им помогне на сириските Курди од опколениот град Кобане во нивната борба против џихадистите од групата Исламска држава.

Турција на крајот на 2012 година ги почна преговорите со лидерот на
Курдската работничка партија (ПКК) Абдула Оџалан со цел да заврши курдскиот конфликт, што од 1984 година до сега однесе неколку десетици илјади животи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски