Ердоган: Пресудата на Кавала е доказ дека турските судови се независни

Од:

Одлуката бизнисменот и филантроп Осман Кавала да се осуди на доживотен затвор поради антивладините протести во 2013 година покажува дека турските судови се независни, тврди денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), кој побара ослободување на Кавала од притвор, каде што престојуваше без пресуда, како и западните сојузници на Анкара, ќе мора да ја почитуваат одлуката на судот, додаде Ердоган.

По четири и пол години притвор, Кавала во понеделникот беше осуден на доживотен затвор без можност за условно ослободување, поради наводно организирање и финансирање протести низ Турција во 2013 година.

Уште седум лица се осудени на 18 години затвор, а сите ги отфрлија обвиненијата.

Осудените тврдат дека протестите биле спонтани и согласно уставните права, негирајќи дека тие ги организирале.

Западните сојузници на Анкара, групите за човекови права и турските опозициски партии велат дека одлуката била политички мотивирана и има за цел да ги заплаши противниците на Ердоган.

Оние кои се против одлуката на судот тврдат дека турските судови се под влијание на Ердоган и неговата партија.

Ердоган вчера ги отфрли ваквите наводи, велејќи дека „турското судство ја докажало својата независност со тоа што не потклекнало на уцените кои доаѓаат во Турција однадвор“, а Кавала го спореди со милијардерот Џорџ Сорос и изјави дека тој е „координатор на протестите зад кулисите“.

Турција сега се соочува со суспензија од организацијата за заштита на човековите права при Советот на Европа.

Западните сојузници на Анкара постојано бараа ослободување на Кавала, што минатата година ги поттикна заканите на Ердоган дека ќе протера десет амбасадори.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ