Ердоган повторно вети дека ќе се повлече доколку се докаже дека Турција купувала нафта од ИД

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повторно вети дека ќе се повлече од функцијата доколку бидат докажани тврдењата дека Турција купувала нафта од групата Исламска држава (ИД), пренесе ТАСС.

– Доколку биде докажано дека Турција купувала нафта од ИД, доколку тоа навистина се случувало, јас нема да останам на оваа претседателска должност. Ќе се повлечам, рече синоќа Ердоган пред бизнисмени во турскиот град Бурса.

Тој додаде дека познати се местата од кои Турција купува нафта. На прво место Турција купува нафта од Русија, на второ  од Иран, на трето од Азербејџан, на четврто од Северен Ирак. Исто така, ние купуваме нафта од Алжир, Катар и понекогаш од Нигерија. Ние ги фативме шверцерите. Никогаш нема да дозволиме во Турција да има шверцувана нафта и гас, посочи турскиот претседател.

На почетокот на декември заменик министерот за одбрана на Русија, Анатолиј Антонов, го обвини семејството на турскиот претседател Ердоган дека купува нафта од терористите од ИД.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски