Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повторно е избран за лидер на Партијата на правдата и развојот (АКП), а во обраќањето пред присутните истакна дека Турција решително продолжува да ги реализира претходно поставените цели за иднината.
Во Спортската сала во Анкара денеска се одржа Седмиот редовен конгрес на АКП, а Ердоган беше реизбран за претседател со сите 1.428 важечки гласови на делегатите. Според заменик-претседателот на АКП Али Ихсан Јавуз, имало три неважечки ливчиња.
– Повторно ќе покажеме дека не дојдовме на власт да бидеме владетели, туку да и служиме на државата и народот, истакна Ердоган, додавајќи дека не постои проблем кој единството на сите 84 милиони луѓе во Турција не може да го надмине.
Тој нагласи дека Партијата на правда и развој „ќе продолжи да им служи на Турција и нејзиниот народ, исто како што тоа го правеше во последните 19 години, од 2002 година кога дојде на власт“.