Ердоган повторно го презема кормилото на владејачката партија

Од:

Турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) денеска одржува Вонреден конгрес во Анкара, на кој актуелниот претседател на Турција, Реџеп Тајип Ердоган треба повторно да биде избран за партиски лидер и да го преземе раководењето со партијата.

Ердоган поднесе оставка на местото лидер на АКП по изборот за претседател на Турција, бидејќи Уставот тогаш не доволуваше шефот на државата да извршува и партиски функции, но со уставните измени таквото ограничување е укинато.

– Ќе продолжиме да работиме заедно и ден и ноќ, изјави Ердоган при пристигнувањето во салата „Арена“ во Анкара, каде се одржува Конгресот на АКП, обраќајќи се кон десетиците илјади негови подддржувачи.

– Без запирање. Сега ќе продолжиме кон изборите во 2019 година, додаде Ердоган.

Се очекува на денешниот Конгрес, покрај новиот партиски лидер, да бидат усвоени и насоките за работа на АКП до следните избори во 2019 година. Предвидено е да се изврши и измена во Статутот на партијата со што ќе се воведе функцијата заменик-претседател, на кој ќе биде избран досгешниот партисли лидер и актуелен премиер Бинали Јилдирим.

Во новиот Статут на партијата се предвидува и вклучување на мотото „еден народ, едно знаме, една татковина, една држава“, кое симболично се изразува со подигната рака со исправени четири прста и свиткан палец.

Ваквиот симболичен поздрав наречен „Рабија“, Ердоган почна зачестено да го користи по несупешниот воен преврат од јули минатата година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски