Ердоган по трет пат избран за лидер на АКП

Од:

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган по трет пат е избран за лидер на владеjчката Партија на правдата и просперитетот (АКП), кој беше одржан во Анкара под мотото „Голема нација, голема моќ, цел 2023″. На четвртиот редовен конгрес на партијата присуствуваа голем број странски претставници меѓу кои претседателот на Египет Мухамед Мурси, лидерот на ирачките Курди Месут Барзани, лидерот на Хамас Халид Мешал, поранешниот германски канцелар Герард Шредер, како и претставници на политички партии од Блискиот Исток, Србија, Македонија и од БИХ.

Резимирајќи ги достигнувањата на партијата за време на нејзиното 11-годишно владеење во Турција во текот на два ипол часовниот говор Ердоган се осврна на значајни внатрешно и надворешно политички прашања меѓу кои курдското прашање, кризата со Израел и антиисламизмот. Подвлекувајќи дека неговата влада ќе продолжи да се бори против тероризмот тој упати апел до опозицијата за заедничко решавање на курдското прашање во земјата и побара подршка за подготвување на новиот Устав до крајот на годината.

Ердоган упати апел до „курдските браќа” за осудување на тероризмот и за заедничко решавање на проблемот без насилство и со посветување на демократијата, мирот и заедништвото, подвлекувајќи дека неговата влада е против секаков вид на дискриминација на етничка или верска основа. Ирачкиот регионален курдски лидер Барзани при своето обраќање на конгресот изрази надеж дека сите Курди ќе го подржат овој процес и изрази целосна подготвеност за поддршка на турскиот премиер во напорите за прекин на крвопролевањата.

На надворешен план, потврдувајќи ја својата натамошна поддршка за решавање на палестинското прашање, турскиот премиер го повтори ставот на Турција дека односите со Израел нема да се нормализираат сè додека Израел не се извини за инцидентот на бродот „Мави мармара”, кој се случи пред две години и во кој беа убиени осуммина турски државјани. Ердоган им забележа на западните лидери, „кои од една страна даваат поддршка на антисемитизмот“, за индиферентноста кон најновите напади врз исламот, подвлекувајќи дека тој е религија на мирот и дека нападите врз него не може да се третираат од аспект на слобода на изразот. Во тој контекст тој ги најави активностите на Турција на меѓународен план за подведување на овој вид напади под кривично дело омраза.

Премиерот Ердоган, кој според статутот на партијата што дозволува три мандати едноподруго, за последен пат е избран за претседател на партијата. На конгресот беа објавени и целите на Партијата на правдата и просперитетот до 2023 година, меѓу кои, освен донесувањето на новиот устав се наоѓаат низа измени во правната регулатива како што се укинување на можноста затворањето на политичките партии, преиспитување на изборниот систем, уредување на пратеничкиот имунитет според универзални критериуми и донесување на нова регулатива за забрзување на работата на судството и негова демократизација. АКП беше основана во 2001 година и во два наврата по изборите во 2002 и 2007 година успеа самостојно да дојде на власт во Турција.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски