Ердоган остана во чудо: Орбан му поклони коњ

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска му подари коњ по име Аристократ на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој е во посета на Будимпешта. Орбан на Фејсбук објави дека тоа е „подарок од една коњичка нација на друга“, и дека станува збор за пастув нониус од ергелата Мезехеѓеш.

Тој објави и фотографија со Ердоган и коњот.

Турскиот претседател денеска е во официјална посета на Унгарија, при што, покрај Орбан, ќе се сретне и со унгарската претседателка Каталин Новак, како и со други претставници на унгарските власти, а ќе учествува и на состанокот на унгарско-турскиот совет за стратешка соработка на високо ниво.

Би можело да ве интересира

Орбан: Унгарците ќе одлучат дали Украина може во ЕУ, а не Зеленски

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Ердоган: Турција и Италија ќе продолжат да ја зајакнуваат соработката во областа на одбранбената индустрија

Орбан: Тиса ќе го направи она што Брисел го сака

Орбан: Влезот на Украина во ЕУ е смртоносен удар за Унгарија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи