Ердоган: Никаква сила или закана нема да ја спречи Турција да бара ресурси во Средоземјето

Од:

Никакви закани не можат да ја одвратат Турција од намерата во источниот Медитеран да трага по наоѓалишта на природни ресурси, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Тој додаде дека Анкара очекува актерите во регионот да преземат чекори за смирување на тензиите.

– Турција е одлучна до крај да бара исполнување на своите права во источен Медитеран и никаква колонијалистичка сила или закана не може да не одврати од трагањето за изворите на нафта и природен гас, за кои оценуваме дека постојат во регионот, истакна Ердоган.

Тој додаде дека Турција сака спорот да биде решен со дијалог и по дипломатски пат.

Два турски истражувачки брода се наоѓаат во водите на источен Медитеран, на кои, освен Турција, право полагаат и Грција и Кипар.

Во исто време, Турција објави дека пронашла извор на енергенс, најверојатно природен гас, во слично истражување во Црното Море.

 

 

Би можело да ве интересира

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Турската полиција денеска уапси најмалку 250 граѓани кои протестираа во Истанбул

28 патници се повредени при превртување на автобус во Турција

Клучните сообраќајни правци во Истанбул се затворени поради засилени безбедносни мерки