Ердоган назначи нов министер за правда и го смени директорот на Државниот институт за статистика

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го назначи Бекир Бозадаг (56), член на владејачката Партија за правда и развој, за нов министер за правда.

Се наведува и дека поранешниот министер за правда Абдулхамит Ѓул поднел оставка, но засега не се знае причината.

Бозадаг беше министер за правда за време на претседателскиот мандат на Ердоган, во два наврата (2013-2015 и 2015-2017), по што стана вицепремиер, кадешто остана до 2018 година.

Истовремено, Ердоган денеска со декрет го смени директорот на државниот институт за статистика ТУИК, Саит Ердал Динчер, по објавените годишни податоци за инфлацијата.

Динчер беше критикуван по објавувањето на податоците на почетокот на јануари кои покажаа годишна инфлација од 36,1 отсто, што е највисоко ниво во изминатите 19 години.

Ердоган го смени Диничер од позицијата директор на ТУИК неполна година откако беше назначен на таа функција и на негово место го назначи Ерхан Четинкаја, поранешен потпретседател на турскиот банкарски регулатор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски

Масовен бојкот во Турција – Владата тврди: Тоа е саботажа

Горан Наумовски

Ердоган му порача на Путин: Договорот меѓу Турција и Русија е клучен за мирот во регионот

А1он

Турската полиција го уапси и адвокатот на Имамоглу

Горан Наумовски

Ердоган: Опозицијата ќе одговара за саботажата насочена кон турската економија

Горан Наумовски

1.900 лица приведени во Турција за време на протестите против апсењето на Имамоглу