Ердоган: Меѓународните компании кои истражуваат гас во Средоземното Море да не ги повредуваат турските права

Од:

Меѓународните компании кои истражуваат гас во Средоземното Море да не ја преминуваат линијата и да не ги повредуваат турските права, предупреди турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Тој изјави дека опортунистичките намери во врска со експлоатацијата на гас на Кипар не поминале незабележано.

Турција има поставено воени бродови недалеку од Кипар со цел спречување на италијанската енергетска компанија „ени“ да почне со експлоатација на природен гас. Тие се противат на едностраната потрага на кипарската Влада по течно гориво, бидејќи со тоа се нарушуваат правата на кипарските Турци.

ЕУ побара од Турција да се воздржи од закани и акции кои би ги нарушиле добрососедските односи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски