Ердоган: Кипар се состои од две одделни држави

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска ја посети самопрогласената Турска Република Северен Кипар, која е призната само од страна на Турција, на покана од лидерот на кипарските Турци, Ерсин Татар, по повод 37-годишнината од нејзиното формирање.

Ердоган за време на посетата истакна дека разговорите за поделениот остров треба да имаат за цел постигнување договор меѓу „две одделни држави“.

– На Кипар има два народа и две одделни држави. Треба да се преговара за решение врз основа на две одделни држави, нагласи турскиот претседател.

Никозија смета дека планираната посета на Ердоган претставува потег без преседан.

– Присуството на турскиот претседател на прославата на 37-годишнината од прогласувањето на лажната држава, како и неговата посета на окупираниот град Фамагуста, е потег без преседан и целосно е спротивно на резолуциите 550 и 789 на Советот за безбедност на ОН, се наведува во соопштението.

Исто така, се нагласува дека ваквите планови на Ердоган „ги поткопуваат напорите на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш“, да свика неформален состанок на петте земји за решавање на проблемот и „не придонесуваат за создавање поволна, позитивна атмосфера за обновување на преговорите за решавање на кипарското прашање“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски