Ердоган ја повика меѓународната заедница во Либија да не ги повтори грешките од Сирија

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја повика меѓународната заедница во Либија да не ги повторува грешките од Сирија, пренесе агенцијата Анадолија.

Ердоган ова го кажа на церемонијата на отворање на новите објекти од Турско-германскиот универзитет во Истанбул, на која беше заедно со германската канцеларка Ангела Меркел, .

По повод својот претстоен разговор со Меркел турскиот претседател кажа дека темата за Либија, како и другите регионални прашања, ќе бидат ставени на масата за разгледување, паралелно со турско-германските билатерални односи.
Турскиот лидер истакна дека атмосферата на хаос во Либија ќе го засегне целиот средоземноморски басен.

Според него, напорите за постигнување мирно решение во Либија треба да бидат забрзани за повторно да не соберат сили терористичките групи, како Исламска држава и Ал Каеда.

-Ќе продолжиме да бидеме до своите либиски браќа во овие тешки времиња во името на мирот, спокојот и иднината, подвлече Ердоган.

Турскиот претседател изрази надеж дека Турско-германскиот универзитет ќе се претвори во симбол на пријателство меѓу двата народа, исто како што век и половина во градот постои германска гимназија.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Израел ја бомбардираше Сирија, има загинати и повредени

Турската полиција денеска уапси најмалку 250 граѓани кои протестираа во Истанбул

28 патници се повредени при превртување на автобус во Турција

Клучните сообраќајни правци во Истанбул се затворени поради засилени безбедносни мерки

22 мртви во нови напади во Сирија, град во близина на Дамаск отсечен од светот