Ердоган: Историска победа

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека е уверен во неговата победа во вториот круг од претседателските избори.

„Ќе победиме на изборите на 28 мај, зголемувајќи го процентот на гласови добиени на изборите на 14 мај. Ако даде Господ, ќе извојуваме историска победа“, напиша Ердоган на Твитер.

Изборната комисија на Турција вчера официјално соопшти дека вториот круг од претседателските избори ќе се одржи на 28 мај.

Според прелиминарните резултати од првиот круг од изборите што се одржа во неделата, актуелниот шеф на државата Ердоган освоил 49,51 отсто, неговиот противкандидат Кемал Киличдароглу 44,8 отсто од гласовите, додека Синан Оган освоил 5,17 отсто од гласовите.

Би можело да ве интересира

Ердоган ја повика Германија да ги укине ограничувањата за турската одбранбена индустрија

Ердоган го нападна Нетанјаху: „Тој сака да предизвика регионална војна“

Турција им нуди на Зеленски и Путин нацрт мировен договор

Тежок пораз на Ердоган на изборите

ВИДЕО: Противниците на Ердоган водат во Истанбул и во Анкара

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тројца мртви и десетици повредени во нереди на изборите во Турција

Катерина Ѓуровски