Ердоган: Има докази за вмешаност на Русија во трговијата со нафта од ИД

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган тврди дека има докази за вмешаноста на Русија во трговијата со нафта од групацијата Исламска држава во Сирија.

– Имаме докази. Почнуваме да ги откриваме пред светот, рече Ердоган во говор пред синдикалците од „Турк-иш“ во Анкара.

Тој го цитираше името на сирискиот бизнисмен со руски пасош Жорж Хасуани.

Во Сирија сега нема легитимна влада. Што бара Русија во Сирија? Не бевте должни да заминете таму по повикот на човек, кој убил над 300 илјади лица, рече Ердоган.

Според него сега во Сирија нема легитимна влада, а 86 отсто од територијата е во рацете на различни групации.

– Режимот контролира минимална територија. Страната, со која треба да се води дијалог е сирискиот народ, а не режимот, рече Ердоган.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски