Ердоган: Им дадовме снимки за убиството на Кашоги, сите знаат

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека официјални лица од Саудиска Арабија, САД, Германија, Франција и Велика Британија преслушале аудио снимки во врска со убиството на новинарот Џамал Кашоги што им ги дала Турција.

– Им дадовме снимки. Им дадовме на Саудиска Арабија, САД, на Германците, Французите и Британците. На нив сите. Тие ги преслушале разговорите. Сите знаат, изјави Ердоган.

Тој го повика Ријад да го идентификува убиецот меѓу 15-те од тимот што дошле во Турција неколку дена пред убиството на Кашоги.

– Саудиската влада може тоа да го открие така што ќе ги натера оние петнаесетина да прозборат, потенцира тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски