Ердоган: Ги прекинувам сите контакти со Нетанјаху

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека ги прекинува сите контакти со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поради израелските напади врз Појасот Газа. „Нетанјаху веќе не е некој со кој можеме да разговараме. Го избришавме“, рече Ердоган, пренесуваат турските медиуми.

Турскиот претседател, кој се сретна со Бенјамин Нетанјаху првпат во септември во Њујорк, на 25 октомври изјави дека ги откажува сите планови за патување во Израел, велејќи дека израелскиот премиер го „искористил“.

„Нема да најдете друга земја чија армија се однесува толку нехумано“, истакна тој, осврнувајќи се на одговорот на Израел на крвавиот напад на Хамас на 7 октомври во кој загинаа 1.400 луѓе, главно цивили, на израелската страна.

Ердоган денеска изјави дека Турција не ги прекинува дипломатските односи со Израел. „Не е можен целосен прекин на врските, особено во меѓународната дипломатија“, рече Ердоган.

Тој потсети дека директорот на Турската разузнавачка служба (МИТ) Ибрахим Калин ги предводеше напорите на Турција да ја запре војната преку посредство. „Ибрахим Калин разговара со израелската страна. Се разбира, тој разговара со Палестина и Хамас“, рече Ердоган.

Но, според неговите зборови, Нетанјаху е главниот виновник за конфликтите и „ја изгубил поддршката од своите граѓани“. „Треба да се повлечете и да ставите крај на оваа ситуација“, рече Ердоган.

Би можело да ве интересира

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

Ердоган: Опозицијата ќе одговара за саботажата насочена кон турската економија

Горан Наумовски

Ердоган: Членовите на ЦХП дадоа информации и докази против Имамоглу

Ердоган: Протестите за апсењето на Имамоглу се претворија во насилно движење

Ердоган: Држат лекции за човекови права, но молчат за грозоморните убиства во Газа

Предраг Петровиќ

Ривалот на Ердоган, Имамоглу, во истражен затвор до судењето