Ердоган: Европа повеќе не е толку опуштена во однос на енергијата, оваа зима ќе биде тешка

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Европа повеќе не е толку опуштена во однос на енергијата, како што беше пред недостигот на природен гас, кога беше фокусирана на преминување кон обновлива енергија, објави турската државна телевизија ТРТ Хабер.

Ердоган разговараше со новинарите во авионот на враќање од турнејата низ земјите од Западен Балкан. Тој потсети на неговите претходни разговори со поранешната германска канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, во кои тие ги кажаа своите намери да ги затворат термоцентралите, па дури и нуклеарните централи и да се префрлат на обновлива енергија.

Турскиот претседател посочи дека на оваа тема разговарал и со актуелниот канцелар на Германија, Олаф Шолц, „кој бил цврст во намерата да не отстапува од курсот на неговата претходничка“.

Сепак, според Ердоган, ситуацијата е поинаква по суспензијата на рускиот гас.

„Европа не се чувствува толку комфорно и мирно како што се мисли дека е. Ситуацијата оди во многу поинаква насока“, рече тој.

Според него, „Русија не ги донесе овие одлуки и не ги презеде овие чекори туку така“.

„Оваа зима нема да помине така лесно за Европа, ќе биде многу проблематична зима, а од финансиска гледна точка зимата ќе има многу тешки сметки“, рече Ердоган.

Во исто време, тој увери дека Турција нема проблем со испораката на гас и Русија не воведува никакви санкции за неа. Тој посочи и дека имал разговори со руската страна за цената и дека ситуацијата за Турција, како што рече, може да стане уште подобра доколку руската страна покаже позитивен пристап кон Анкара.

Исто така, Ердоган ја спомена и намерата на турската страна следната година да ги пушти во употреба сопствените наоѓалишта на гас откриени во Црното Море.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Трамп: Европа ќе плати висока цена за недоволниот увоз на производи од САД

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски