Ердоган е оптимист за решавање на кипарското прашање

Од:

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган на синоќешната средба со претседедателот на САД Барак Обама изрази оптимизам за решавање на кипарското прашање.

– Сметаме дека имаме голема можност за постигнување на договор за кипарското прашање и тоа е област врз која продолжуваме да бидеме фокусирани, посочи Ердоган.

Преговорите за обединување на Кипар досега беа неуспешни, а турските претставници се надеваат дека новиот кипарски претседател Никос Анастасиадис, кој во 2004 година го поддржа планот на ОН, ќе ги придвижи работите.

– Оптимисти сме и работиме за решение и ги замолуваме САД дипломатски да не поддржат за решавање на кипарското прашање, наведе Ердоган.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Мора да бидеме подготвени на сите сценарија

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски