Ердоган: Ако е против исламофобија, тогаш ЕУ мора да ја прими Турција

Од:

ЕУ „мора да ја прими Турција“ како своја членка, доколку тврди дека е против исламофобија, изјави денеска во Џибути турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Ердоган, кој е прв турски претседател кој го посетил Џибути, истакна дека „Турција никогаш нема да толерира терористи без разлика на која вера и припаѓаат“, а потоа се осврна на евроитеграцискиот процес на Турција.

– Не е важно дали тие не прифаќаат или не. Ние ќе продолжиме со својата работа. Ние ја тестираме Европа. Дали Европа ќе може да проголта и да ја прифати Турција, чиј народ се муслимани? Доколку сте против исламофобија, тогаш морате да ја примите Турција во Унијата, порача турскиот претседател.

Тој смета дека тезата со која се тврди дека ЕУ е „христијански клуб“, ќе биде оправдана доколку Турција се одбие за членство.

– Турција е вклучена во НАТО, ОБСЕ… И зошто не ја прифаќате во ЕУ? Значи проблемот се наоѓа на друго место, нагласи Ердоган, додавајќи дека неговата земја „е сега силна и нема да дојде на вратата на ЕУ за да моли“.

– Доколку Турција биде прифатена, ќе биде членка. Ако ја одбијат, тогаш таа ќе создаде свој пат, заклучи Ердоган.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ