ЕПП: Иднината на Западен Балкан е во ЕУ

Од:

Европската народна партија (ЕПП) денеска на својот конгрес усвојува резолуција со што едногласно порачува дека идината на Западен Балкан е во Европската унија.

Оваа најголема и највлијателна партија утре, за време на нејзинот пленарен конгрес во Малта треба да усвои резолуција со која ја поддржува евроинтеграцијата на Западен Балкан.

Во нацрт-резолуцијата, во која имал увид Танјуг, се наведува дека перспективата за пристапувањето на Западен Балкан и иднината на земјите од региоот во ЕУ имаат неподелена поддршка од ЕПП.

– Евроинтеграцискиот процес беше најуспешена и најмоќна алатка на Унијата наменета за консолидација на демократските норми и принципи, воспоставуање на функционална економија и достигнување на мир и стабилност.

ЕПП, во текстот ги повикува сите членови на институциите во ЕУ повеќе да се фокусираат на Западен Балкан и да направат конкретни чекори со цел примена на она што е одлучено со Сараевската декларација, која се однесува на создавање заеднички пазар во регионот.

Од друга страна, ЕПП ги повика земјите од Западен Балкан да не ја изгубат мотивацијата и ангажманите што се неопходни за европскиот пристапен процес.

Регионот се повикува да продолжи со реформите, имајќи ја предвид „јасната европска перспектива и силната поддршка на ЕПП“.

Истовремено се инсистира на воздржаност од етнички провокации во регионот, осудувајќи секакво провокативно и агресивно однесување, кое претставува закана за мирот и стабилноста во регионот.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ

ЕУ: Безусловно повлекување на руските сили од Украина, предуслов за укинување на санкциите

ЕК: Повлекувањето на Русија од Украина е главен услов за укинување на санкциите на ЕУ кон Москва

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски

Политико: Каја Калас се соочува со критики затоа што сè уште се однесува како премиер