Епидемија на грип во Косово: Од 1 октомври десетмина починати

Од:

Косовскиот Национален институт за јавно здравје и Болничко-клиничката универзитетска служба денеска соопштија дека во Косово моментно е присутна епидемија на сезонски грип, за што е формиран Комитет за справување со болеста, јави дописникот на МИА од Приштина.

Комитетот на својата прва седница објави дека од 1 октомври, па до денеска во Националниот институт за јавно здравство се регистрирани 29.938 заболени од грип, 4.719 случаи на акутна инфекција на респираторниот систем и 43 случаи на тешка акутна инфекција на респираторниот систем.

Забележани се и потврдени четири смрттни случаи од свински грип (АХ1Н1) и шест смртни случаи предизвикани од вирус на инфлуенца тип А.

Косовското Министерство за образование, наука и технологија им препорача на сите предучилишни и училишни, приватни и државни, установи во кои учениците имаат симптоми на грип (висока температура, замор, болки во грлото, мачнини, главоболки, болки во абдоменот и мускулите) да ги избегнуваат контактите со здравите ученици и да останат дома, под лекарски надзор.

Би можело да ве интересира

Се зголемува бројот на заболени од грип

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија

Обвинителство во Приштина: 10 уапсени во врска со нападот кај Зубин Поток