ЕП следната недела ќе расправа за организираниот криминал на Западен Балкан

Од:

Европскиот парламент следната недела ќе ги повика земјите од Западен Балкан на поголема соработка во борбата против организираниот криминал.

Известувачот за организиран криминал на Европскиот парламент, Лукас Мандл и известувачот Андреас Шидер поднесоа извештај за кој ќе се расправа во вторник и среда.

Извештајот ќе ги повика земјите од Западен Балкан да ја засилат соработката во борбата против организираниот криминал. Се бара и отворање на архивите на поранешна Југославија, за да се поддржат истрагите.

Воедно, Комитетот за надворешни работи ќе побара поголема помош од Европската комисија за пристапниот процес на земјите од Западен Балкан.

Според текстот на Резолуцијата, корупцијата, дезинформациите, елементите на заробување на државата, нееднаквоста и странското мешање на недемократските режими како Русија и Кина, се клучни фактори на ранливоста на земјите од Западен Балкан. Текстот на Резолуцијата беше договорен меѓу групите на ЕП во јули оваа година.

Мандл од Европската народна партија ќе ја презентира Резолуцијата на пленарната седница.

Во Резолуцијата се нагласува дека организираниот криминал и корупцијата пред сè им штетат на граѓаните на земјите од Западен Балкан, бидејќи го поткопуваат нивното право на безбедност и социјална кохезија, како и нивната доверба во демократскиот систем, создаваат пречки за демократските реформи и го попречуваат пристапниот процес, а истовремено има потенцијални и реални негативни влијанија врз безбедноста и стабилноста на земјите-членки на ЕУ.

Членовите на ЕП нагласуваат дека лишувањето на земјите од Западен Балкан од европската перспектива ја влошува ситуацијата во однос на организираниот криминал и дека може да се подобри со поттикнување на процесот на интеграција во ЕУ и соработката со земјите-членки.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Вархеј: Првите исплати на средства од Планот за раст ги очекуваме во текот на овој месец

Премиерот Мицкоски присуствуваше на работен ручек со Фон дер Лајен и колегите од Западен Балкан

ЕУ одобри 1,2 милијарди евра за инфраструктура во Западен Балкан

Кој ќе добие над 50.000 евра мора да е јавно објавен – Одобрени шест милијарди евра за Западен Балкан

Анита Петровска Рајковиќ

Анкета на ИРИ: 43 отсто од Србите, 27 отсто од Македонците и 25 отсто од Црногорците го обвинуваат Западот за војната меѓу Русија и Украина.

Предраг Петровиќ