ЕП: На Србија што поскоро да и се даде датум за преговори

Од:

Европскиот парламент апелира на Србија што поскоро да и се одреди датум за преговори за членство во ЕУ доколку продолжи со реформите и унапредување на односите со соседите.

Повикот е упатен до Европскиот совет во нацрт резолуцијата на Европскиот парламент, која в понеделник ќе им биде претставена на европратениците, јави агенцијата Танјуг.

– Парламентот ја поздравува посветеноста на новата српска Влада кон евроинтеграциите и ја нагласува потребата за натамошно спроведување на реформите, се наведува во нацрт резолуцијата.

Овој нацрт, кој всушност претставува годишен извештај на ЕП за Србија, в понеделник на членовите на Надворешнополитичкиот комитет ќе им го претстави известувачот за Србија Јелко Кацин.

Во повеќето од 25 точки од предлог резолуцијата се фалат напорите кои властите во Белград ги вложиле за достигнување на Копенхашките критериуми и во борбата против корупцијата.

– Се бара од Европскиот совет што е можно побрзо на Србија да и одреди датум за почеток на преговори со ЕУ, под услов да се задоволат клучните критериуми и да се продолжи со реформите, се нагласува во документот.

По дискусијата во Надворешнополитичкиот комитет, текстот на резолуцијата ќе биде испратен во Парламентот на усвојување, а Европскиот совет е должен да го има предвид во текот на расправата за процесот на проширување на завршниот самит кон средината на овој месец.

Би можело да ве интересира

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Николоски: Ќе се гради гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија

Лекот „диклофен“ oд 50 милиграми на „Галеника“ е повлечен од аптеките во Србија

Горан Наумовски

Стопанската комора на Србија отвора претставништво во Скопје