ЕП ќе гласа за прием на Хрватска во Шенген идната недела

Од:

На пленарната седница на Европскиот Парламент идната недела се очекува зелено светло од оваа институција за прием на Хрватска во Шенген, јави дописничката на МИА од Брисел.

На крајот на октомври европратениците од комисијата за граѓански слободи веќе гласаа за да се прими Хрватска во Шенген зоната. Мнозинство се очекува и в среда на пленарната седница на Европскиот Парламент.

Со ова гласање идната среда ставот на Европскиот Парламент ќе биде јасен: Хрватска ги исполнува критериумите за влез во Шенген.

Влезот во Шенген зоната значи слободно патување без царински контроли за хрватските граѓани.

Европратениците ќе го повикаат Советот на ЕУ, т.е. земјите членки, да даде исто така зелено светло за оваа одлука. Загреб се надева процесот да се финализира до крајот на оваа година и земјата да биде дел од Шенген на 1 јануари 2023.

Словенија, со која Хрватска има сѐ уште граничен спор, најави дека ќе го поддржи приемот на својот сосед во Шенген. Меѓутоа бројни организации за заштита на човековите права, како Хјуман Рајтс Воч, предупредуваат дека насилството кон барателите на азил на хрватските граници треба да биде причина ЕУ да се спротивстави на овој чекор.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ