БТА – Софија
Тоа беше еден од големите денови во хрватскиот спортски календар: меч со Италија од квалификациите за Европското првенство во фудбал. Неколку секунди по почетокот на мечот, кој беше пренесуван во целиот свет, огромен кукаст крст (свастика) се појави на теренот пред очите на шокираните претставници од европскиот фудбал.
Свастиката, нацртана од непознат вандал со спреј, остана невидлива се до пред рефлекторите да го осветлат почетокот на мечот, и се претвори во најмоќниот симбол на подемот на ултранационалистичкото чувство кое изгледа е во крвта на повеќето жители на најмладата членка на Европската унија.
Но, тој не е единствен. Во градовите со етничко мнозинско население во источна Хрватска, патоказите на српски јазик беа искршени, а српските правславни цркви беа осквернавени со знакот „У“ – симболот на усташкиот нацистички режим за време на Втората светска војна. За викендите, усташки песни се пеат на спортските средби и на рок концерти.
Појавувањето на такви симболи можеби не е изненадување за земја која за време на Втората светска војна испратила десетици илјади Срби, Евреи и Роми во логорите на смртта. Но, сегашните лидери на земјата повикаа за промена по сеопштата врева која беше предизвикана од свастиката на теренот.
– Тој чин нанесе неизмерна штета на репутацијата на хрватските граѓани и нивната татковина во целиот свет. Затоа треба конечно да ставиме крај на таквите нешта, рече новиот конзервативен хрватски претседател Колинда Грабар-Китаровиќ.
Подемот на десните сили во Хрватска беше потхранет од длабоките економски проблеми и се поголемото општествено незадоволство од неспоаобноста на левичарската Влада да се справи со тоа, дури и откако земјата влезе во ЕУ пред две години. Со тоа пораснаа соновите за брзо богатење, кои не се остварија.
Малцинствата, особено српското, се жалат од заканите за својата безбедност откако Грабар-Китановиќ беше избрана за претседател во декември. Антисрпски графити разбудија спомени за крвопролевањата кои го зафатија регионот за време на војните на Балканот во 90-ите години, кои доведоа до распаѓање на Југославија.
На еден настан во Австрија минатиот месец, хрватскиот ултранационалист Ивица Шафариќ гордо мафташе со усташкиот симбол „У“ на медаљонот на вратот. Неговите следбеници во црни униформи ги дигнаа десните раце во нацистички поздрав и извикуваа застрашувачки воен повик: „За татковината – подготвени!“, кои го користеле хрватските фашистички сили за време на војната.
– Го почитувам усташкото движење затоа што тоа ја создаде независна држава Хрватска, рече Шафариќ, кој војувал за хрватската независност во 90-ите.
Собирот во Блајбург беше во спомен на десетици илјади пронацистички војници, нивните семејства, деца и цивили, кои биле убиени од партизаните комунисти на крајот на војната во 1945 година. Слични церемонии за жртвтие во Блајбург се органзиираат секоја година во мај, но оваа одина собирот беше далеку помногуброен од претходните, со учество на околу 40 илјади луѓе. Тоа се случи во момент кога Европа одбележуваше 70 години од ослободувањето од нацизмот, а пронацистичките симболи во Блајбург беа дочекани со молчење од хрватските политичари.
Грабар-Китановиќ ги поддржа спомнатите церемонии во Блајбург и им оддаде почит на жртвите неколку дена пред главниот настан, но не отиде таму кога се собраа толку многу луѓе. Таа направи и неофицијална посета на усташкиот логор на смртта во Јасеновац, но не присуствуваше на официјалните церемонии за 70-годишнината од ослободувањето на концлогорите.
Како илустрација за идеолошката поделба во земјата, често критикуваниот левичарски премиер Зоран Милановиќ учествуваше на церемонијата во Јасеновац, каде биле убиени најмалку 80 илјади луѓе, главно Срби. Тој ги повика Хрватите да признаат дека злосторствата во логорот на смртта биле дел од нацистичата геноцидна машнерија.
Аналитичарите велат дека подемот на десните сили во Хрватска – по традиција длабоко разединета меѓу левите сили и конзервативните традиции – ја достигнал највисоката точка откако земјата стекна независоност од поранешна Југославија по војната 1991-1995 година.
– За жал, десниот екстремизам е поприсутен појавно од кога и да било во последните 25 години во Хрватска, вели историчарот Хрвое Класиќ.
Српското малцинство кое се бореше против независноста на Хрватска за време на војните во Југославија во 90-те, е подложено на голем притисок од националистите. Хрватските ветерани од војната започнаа кампања под мотото „100 проценти Хрватска“ – или етнички чиста држава – и бараат Србите да запрат со користење на кирилицата во Хрватска, иако тоа право им е гарантирано со хрватските закони.
Вознемирени од подемот на десните сили, илјадници геј активисти и нивните либерални поддржувачи минатиот викенд демонстрираа во Загреб под мотото „Посилно и посмело: Антифашизам без компромис“.
– Го избравме ова мото затоа што не ни се допаѓа каде оди Хрватска. Не сакаме 100 проценти чиста Хрватска, сакаме Хрватска на различностите, изјави Марко Јурчиќ, еден од организаторите на настанот.
Повеќето хрватски официјални претсавници го омаловажуваат подемот на екстремно десните сили и велат дека е тоа дел од предизборна кампања.
– Хрватското општество не е ниту подобро, ниту полошо од другите држави во ЕУ. Ние сме во изборна година и некои теми беа отворени од оние кои сакаат да прилечат симпатизери, вели претседателот на Хравтскиот сабор, Јосип Леко.