Експлозија во северниот дел на Косовска Митровица: Детонацијата ги разбуди луѓето, шрапнели ги оштетија прозорците

Од:

Во близина на центарот за регистрација на возила во северниот дел на Косовска Митровица во текот на изминатата ноќ била активирана експлозивна направа, чие детонирање предизвикало материјална штета на објектите.

Како што јави РТС, жителите на околните згради велат дека ги разбудила силината на детонацијата, а подоцна забележале оштетување на прозорците, најверојатно предизвикано од шрапнели.

Детонацијата за медиумите ја потврди и заменик командирот на полицијата за северниот регион, Ветон Елшани, додавајќи дека полициската патрола го утврдила местото на настанот и дека најверојатно се работи за рачна бомба.

Во центарот за регистрација на возила во Косовска Митровица, од први декември досега се извршени 1.860 контроли за пренос на возила од српски на локални „РКС“ таблички, информира РТС.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во Москва, има мртви и ранети

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Експлозија во теретана во Виена, повредени се неколку лица

Горан Наумовски

ВИДЕО: Објавена снимка од самиот почеток на огромна експлозија во иранско пристаниште

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Руски генерал загина во експлозија на автомобил во Москва

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Експлозија во Тексас: Четворица повредени, неколку домови оштетени