Денес во местото Кнежица кај Дубровник се случи експлозија во која загина едно лице.
„Полициски службеници од полициската управа ги утврдуваат околностите за експлозијата што се случи денеска, 1 февруари, околу 13.30 часот, во магацин во месноста Кнежица, во која животот го загуби едно лице. Повеќе детали ќе се знаат по завршување на истрагата“ извести хрватската полиција.