Експлодира мина во српската фабрика Крушик, осуммина повредени

Од:

Во производствениот погон на воената фабрика „Крушик“ во Ваљево утринава околу 9 часот експлодирала мина, при што се повредени осум лица.

Според првичните информации, инцидентот се случил во работилницата „Фосфор 333“.

Како што соопштија медиумите, во просторијата каде што се случила експлозијата имало дваесетина луѓе.

Во Ургентниот центар се пријавиле осум работници, а според дежурното лице во МВР -Ваљево, повредите биле полесни.

Од ургентниот центар на Ваљево за „Данас“ изјавија дека едно лице е примено со тешки повреди.

Никој не е во животна опасност, но се уште не се знае степенот на повредите.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он