Ексминистерот Јанис Стурнарас нов гувернер на централната Банка на Грција

Од:

Поранешниот грчки министер за финансии Јанис Стурнарас денеска и официјално беше назначен за гувернер на централната Банка на Грција на местото на Јоргос Провопулос, објави интернет изданието на весникот „Катимерини“.

Стурнарас забележа дека како министер за финансии ја спроведувал владината политика, а како гувернер на Банката на Грција ќе има многу поразлични задачи, но потенцира дека „и двете должности имаат за цел да ги заштитат државните интереси“.

Конзервативниот премиер Андонис Самарас при реконструкцијата на владиниот Кабинет на 9 јуни, го замени 57-годишниот Стурнарас со Гикас Хардувелис, научник и поранешен главен економист на Јуробанк, напомена весникот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит