Во Бања Лука денеска се одржува митинг за поддршка на Милорад Додик, пред утрешното изрекување на пресудата пред Судот на Босна и Херцеговина.
Пресудата се однесува на обвинението за непочитување на одлуките на високиот претставник во Босна и Херцеговина.
На сцената излезе поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани, со капа со натпис „Да ја направиме Српска повторно голема“.
Свое обраќање имаше и Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски, попозната како Милица Заветница, а зборуваше и претседавачот со Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ. Таа рече дека е важно „да се тука и стари и млади, машки и женски“.
„Ќе кажам дека не го браниме Додик, туку претседателот на Републиката. Но, Додик го браниме и како човек затоа што знаеме што направи за Република Српска“, рече Цвијановиќ.
По неа говореше самиот Додик.
„Ова е еден од најголемите собири во РС. Денеска овде има 25.000 луѓе“, рече Додик.