Лондонскиот весник „Економист“ оценува дека доколку Србија и Косово се договорат да разменуваат територии, тој процес на Балканот не би можел да биде запрен и би имал големи последици. Веснкот пишува дека токму поради тоа би требало да се намали значењето на националните граници.
– Границите на Балканот, искрени речено, се во не ред. Тука се Србите кои живеат во Косово и во БиХ, каде имаат сопствена република, Албанците и Бошњацоте (муслимани) кои живеат во Србија и Грците во Албанија, наведува весникот.
Весникот потсетува дека во 1923 година Грција и Турција договориле размена на територии во која околу два милиони луѓе биле раселени. Во анализата се потенцира дека тоа било насилно преселување, но двете земји оттогаш не војувале.
– Тоа ги инспирира националистите на Западниот Балкан, Помеѓу 1918 и доцните 50-те години на минаиот век, многумина муслимани биле охрабрувани да заминат од Југославија во Турција. Но, во време на нејзиниот распад во 90-те години на минатиот век населението и натаму беше во голема мерка измешано. наведува “Економист“.
Лидерите за време на војната во Југославија сметале дека етничкото чистење е најдобар начин за создавање на нови нации-држави без проблематични малцинства, оценува весникот.
– До 1995 година подрачјата на кои историски живееја Срби во Хрватска останаа празни, а стотици илјади Срби, Хрвати и Бошњаци на сличен начин беа иселени од своите домови во Босна, додава весникот.
Голем број Срби во 1999 година го напуштија Косово, а околу 120 илјади остана да живеат таму, па поради тоа српските власти сега сакаат да разговараат за размена на делови со Косово.
– Иронијата во врска со спорната размена е во тоа што всушност мнозинствоти од косовските Срби живеат во енклави на југот на Косово, така што таквиот договор не би им овозможил да живеат во Србија и тие веројатно би морале да ги напуштат своте домови, додава весникот.
„Економист“ оценува дека доколку започнат разговори за прекројување на границите на Косово и Србија, тоа би можело да влијае врз балканските заедници.
Во таков случај, според лондонскиот весник, лидерите на босанските Срби би органзирале референдум за иднината на Република Српска, Хрватите би поднеле тужба, а Бошњаците би се бореле да спречат распад на нивната земја.
– Натаму Србија ќе се обиде да ги спречи бошњачките националисти во Санџак, кои сонуваат за обединување на регионот во Голема Босна. Во меѓу време Албанците во западна Македонија и во црна Гора ќе бараат да се приклучат кон Голема Албанија, оценува магазинот,