ЕК за можниот излез на Грција од еврозоната: Членството во еврозоната е неотповикливо

Од:

Европската комисија нема официјално да поддржи ниту една од политичките опции во Грција на предвремените парламентарни избори закажани за 25-ти овој месец, ниту ќе се обиде да се вмеша во политичката борба во оваа земја-членка на Европската унија, јавува дописникот на МИА од Брисел. Ова го истакна портпаролот на Еврокомисијата, Маргаритис Схинас, кој, цитирајќи го Член 140, параграф три од Договорот на ЕУ, ниту една земја што ќе го усвои еврото како официјална валута, потоа не може да излезе или да биде исфрлена од Еврозоната.

– Членот 140, параграф три од Договорот на Унијата е јасен дека членството во Еврозоната е неотповикливо – истакна гласноговорникот на неформалната Влада на ЕУ.

Според Аника Бреидхарт, портпарол на Европската комисија задолжена за економски раст, вработување, инвестиции, Еворпската монетарна унија и Европски семестер, ЕК нема да коментира никакви гласини или шпекулации на извештаи поврзани со тоа дали Грција ќе излезе или не од еврозоната, зависно од тоа која опција ќе победи на парламентарните избори. Таа се повика на изјавата на еврокомесарот Пјер Московиси, дадена на 29-ти декември година, каде во име на Еврокомисијата, тој рече дека иднината на Грција е во рацете на грчките гласачи и како тие ќе одлучат на 25-ти јануари.

– Ние не шпекулираме и наспроти шпекулациите, на 1-ви јануари ја примивме Литванија како 19-та членка во Еврозоната и очекуваме еврото уште повеќе да се шири. Еврото е тука да опстане, ја докажа својата опстојност и нема понатаму што да се каже, чекаме како ќе гласаат грчките гласачи на 25-ти овој месец, истакна портпаролката Бреидхарт.

Гласноговорничката на еврокомесарот Московиси одби директно да одговори дали Комисијата е подготвена да преговара за нови услови со Грција во однос на мерките за штедење, посочувајќи дека за тоа ќе се разговара по гласањето во Грција. Причината е што партијата Сириза на Алексис Ципрас, која води на анкетите кај нашиот јужен сосед, инсистира на тоа дека доколку состгави Влада на Грција ќе инсистира на нов договор со финансиската Тројка, што, пак, може да доведе до Гркзит (излегување на Грција од Еврозоната).

И покрај ваквиот став на Европската комисија, јасно е дека постои сериозна загриженост во Брисел од исходот на грчките парламентарни избори и можното доаѓање на власт на опцијата на Ципрас која е за нов договор со меѓународните кредитори што досега и позајмија речиси 400 милијарди евра на Грција.

Сепак, и според првиот портпарол на Еврокомисијата, за разлика од претседателските избори на кои претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер, отворено застана зад кандидатурата на екс-еврокомесарот Ставрос Димас (кандидат на владејачката Неа Демократија на премиерот Андонис Самарас), сега неформалната Влада на Унијата не планира да фаворизира ниту една грчка партија, иако е јасно дека ЕУ посакува да опстане сегашната Влада предводена од Самарас, поради тоа што истата се придржува кон насоките на меѓународните кредитори.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит