ЕК: Визниот режим ги влошува односите меѓу ЕУ и Косово

Од:

Европската Комисија ги предупреди земјите членки дека одложувањето на визната либерализација за Косово негативно влијаат на односите со ЕУ, јави дописничката на МИА во Брисел.

Пораките ги упатија Дејвид Кален, одговорен за Косово во Европската Комисија и Ана Марија Бура, шефица на работната група за Западен Балкан, позната како КОВЕБ, за време на дебата во подкомитетот за безбедност и одбрана на Европскиот Парламент.

Бура истакна дека фрустрацијата која ја чувствуваат граѓаните на Косово поради нелиберализирањето на визниот режим има негативен ефект врз кредибилитетот на ЕУ.

Косово е единствената земја од регионот за која сѐ уште се потребни визи за туристички престој до 90 дена во ЕУ, поради отпорот на неколку земји членки.

Експертите кои говореа на вчерашната дебата за Косово предупредија и дека безбедносната состојба на Косово е кревка. Една од причините за зголемувањето на тензиите беше формирањето на војска, изјави Лорензо Дадарио, генерал на КФОР, иако тој додаде дека таа трансформација секако беше предвидено да се одвива во наредните десет години и дека “ништо не менува во смисла на капацитет“.

ЕУ ќе продолжи да придонесува за стабилноста на Косово, истакна Бура, но предупреди дека за да се остави “добар напредок“ во земјата кредибилен европски пат е неопходен.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина