ЕК: Визната либерализација со Турција ќе ја зголеми опасноста од тероризам во ЕУ

Од:

Воведувањето на визна либерализација за турските државјани за патување во ЕУ, како дел од договорот за префрлање мигранти од грчките острови во Турција, ќе ја зголеми опасноста од терористички напади во ЕУ, се наведува во извештај на Европската комисија, чии делови се објавени во британскиот весник „Дејли телеграф“.

– Веднаш штом турските државјани добијат право за патување во ЕУ без визи, може да се очекува странци да се обидат да добијат турски пасоши. Таквата можност ќе привлече не само нелегални мигранти, туку и криминалци и терористи, се додава во извештајот на ЕК.

Освен тоа, според Комисијата, турската мафија, која се занимава со шверц на дрога, луѓе и оружје, може да го прошири своето влијание во Европа.

Весникот „Фајненшал тајмс“ од своја страна наведува дека извештајот на ЕК се совпаѓа со изјавата на поранешен шеф на британското разузнавање дека предлогот за визна либерализација на 75 милиони Турци за Унијата е „исто како да се држи бензин до огнот кој се сака да се изгасне“.

„Дејли телеграф“ потсети дека ЕК неодамна предложи да се склучи договор за укинување на визите и за Косово, Украина и Грузија, кои се „отруени од организиран криминал“.

– Оценката на последиците од визната либерализација со Косово покажа дека шверцот на дрога, олеснувањето на нелегалната миграција, корупцијата, перењето пари, трговијата со луѓе и шверцот на оружје носат потенцијална опасност за внатрешната безбедност во ЕУ, пишува во извештајот на ЕК.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски