ЕК: Приближувањето на Западен Балкан кон ЕУ приоритет во 2018 година

Од:

Приближувањето на Западен Балкан кон ЕУ е еден од приоритетите за Европската комисија во наредната 2018 година.

– На својот прв состанок во 2018 година еврокомесарите ги разгледуваат институционалните приоритети за оваа година, година во која треба да бидат спроведени економските и монетарните реформи на Унијата, да се обезбедат границите на ЕУ, да се подобри системот за азил, да се врати Шенгенот, да се комплетира единствениот дигитален пазар и да се приближи Западен Балкан кон ЕУ, се наведува во соопштението по состанокот на европските комесари во седиштето на ЕК во Брисел.

Од 89 приоритетни досиеја, 29 од нив се завршени, а ЕК сака и останатите да бидат затворени до крајот на мај 2019 година.

Сите европски комесари в четврток ќе отпатуваат во Софија, каде што во петок ќе разговараат со бугарските официјални претставници за приоритетите на бугарксото претседавање со Советот на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Одложена е исплатата од Планот за раст на ЕУ за Македонија и земјите од Западен Балкан

Гренел: УСАИД непромислено потроши милијарди за Западен Балкан

Кошта: Иднината на Западен Балкан, Молдавија и Украина е во ЕУ

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

Мицкоски ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел