ЕК и нуди помош на Грција за мигрантите на Кос

Од:

Европската комисија внимателно ја следи состојбата на грчкиот остров Кос и ако побара грчката Влада, Комисијата е подготвена да даде поддршка, изјави портпаролот на Европската комисија Наташа Бертуд.

Таа информира дека комесарот на ЕУ за миграции, Димитрис Аврамопулос е во постојан контакт со грчките власти.

– Ако Грција има потреба од дополнителна помош, Комисијата ќе ги испита соодветните барања, рече Бертуд и потсети дека преместувањето на 16.000 лица кои побарале азил во други европски земји веќе е договорено.

Таа, исто така, рече дека на Грција е понудена техничка помош и најави оти ефективноста на Регулативата Даблин 2 ќе се дискутира во 2016 година.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит