Хрватска ќе биде подготвена на 1 јули да се приклучи кон Европската унија, соопшти Европската комисија, која денеска го објави последниот извештај од набљудувањето на земјата.
Според ЕК Хрватска ги исполнила десетте приоритетни активности, посочени во претходниот извештај во октомври минатата година.
– Државата покажа волја да одговори на останатите ангажмани пред датумот на приклучувањето, додава ЕК.
Еврокомесарот за проширување Штефан Филе изјави дека извештајот е добра вест и додаде дека Хрватска работела напорно на спроведување на реформите.
Тој истакна дека се уште се очекува целосната ратфикација на договорот за приклучување на Хрватска од страна на сите земји-членки на ЕУ.