ЕК: Грција треба да остане во еврозоната

Од:

Европската комисија прави се за Грција да остане во еврозоната, изјави денеска портпаролката на ЕК Мина Андреева.

Таа посочи и дека треба да се почекаат резултатите од посетата на Грција на еврокомесарот за економски и финансиски прашања Пиер Московиси.

На 8. декември Европската унија одлучи да ја продолжи за два месеца втората спасувачка програма за Грција, која требаше да заврши до крајот на годината.

Грција во 2010 година според првата програма за финансиска помош од ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд доби 110 милијарди евра. Програмата не беше целосно реализирана и дел од средствата беа префрлени во вториот пакет финансиска помош од 130 милијарди евра за периодот 2012 – 2014 година, која по пролонгирањето треба да заврши во февруари 2015 година.

Според експертите Грција нема да може сама да се врати на финансиските пазари и земјите-членки на ЕУ ќе треба да одлучат под каква форма ќе ја продолжат поддршката за земјата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит